Срушен рекордот на Грилиш: Енцо Фернандез е најскапиот фудбалер во британскиот фудбал

Фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Бенфика и Челси во последните моменти од преодниот рок успеаа да го комплетираат трансферот на Енцо Фернандез.

Трансферот на најдобриот млад фудбалер на Светското првенство изнесува 121 милион евра.  Меѓутоа Бенфика нема да ја добие целата сума од овој трансфер, 25% ќе одат за Ривер Плата, плус уште некои бонуси.

Ова значи дека Ривер за шест месеци од Енцо заработи 50 милиони евра, додека на Бенфика и останува профит од 66 милиони евра. Треба да се знае и дека сумата Челзи ќе ја плаќа на рати, договорено е првата рата да изнесува 45 милиони евра.

Ова е рекорден трансфер во британскиот фудбал, претходниот рекорд го држеше Џек Грилиш кога Манчестер Сити на Астон Вила и плати 117 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот