Средба на Пендаровски со Мишел: Првата меѓувладина конференција е клучен приоритет за нас

Стево Пендаровски и Шарл Мишел/ Фото: Архива на Слободен печат

Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел во Киев го реафирмираше ставот дека одржувањето на првата меѓувладина конференција во најскоро време е клучен приоритет за Северна Македонија, при што нагласи дека е неопходно Европската Унија да ги зголеми напорите за да се динамизираат односите со земјите од Западен Балкан.

„Претседателот Пендаровски го реафирмираше и ставот дека билатералните прашања не треба да бидат пречка за валоризирање на напредокот на ниту една земја на патот кон Европската Унија и дека во тој контекст треба да се бара решението за нашата држава“ се наведува во соопштението од средбата која се случи за време на работната посета на Пендаровски на Украина по повод 30-годишнината од независноста на земјата.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на државата, на средбата, соговорниците разменија мислења за најновиот развој на настани во контекст на процесот на проширување на Европската Унија, како и за македонскиот напредок во клучните реформски области и можностите за одржување на прва меѓувладина конференција.

Покрај ова, Пендаровски и Мишел се осврнаа и на состојбите во ЕУ и кај нас, а разменија мислења и информации и за случувањата во Авганистан.

Видео на денот