Србин кај Градско и бегал на полицијата, па со возилото излетал од патот

Автопатот Скопје-Штип / Фото: Слободен печат /Драган Митрески / илустрација

Покрај возачот, во возилото биле пронајдени 12 лица мигранти. Две од лицата се пренесени во болница во Велес за укажување на лекарска помош. В

Србин е уапсен на излезот кај Градско откако се обидел да изега од полицијата а во своето возило пренесеувал мигранти, по што излетал од патот и возилото се превртело, а две лица биле повредени. 

Вчера околу 6 часот, на излезот од Градско, полициски службеници од Регионален центар Југ – Полициска станица за граничен надзор Михајлово во координација со ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Ф.(23) од Голем Дол, Прешево, Р.Србија, кој управувал патничко возило „мерцедес“, со српски национални ознаки поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, информираат од МВР.

Во 5.30 часот кај клучка Демир Капија, возилото било забележано и на даден знак за сопирање од полициски службеници возилото не застанало, туку ја зголемило брзината и се упатило кон Неготино, а потоа кон Градско. На излезот од Градско М.Ф. изгубил контрола и возилото се превртело.

Покрај возачот, во возилото биле пронајдени 12 лица мигранти. Две од лицата се пренесени во болница во Велес за укажување на лекарска помош. Во врска со настанот лишен од слобода е и Ј.А. од Прешево, кој управувал патничко возило „пасат“, со српски национални ознаки, кој бил претходница.

За настанот е известен Јавен обвинител, а против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот