Србија ќе добие стадион од 257 милиони евра

Се очекува да биде еден од најмодерните стадиони со прецизни и строги стандарди/Фото: Принтскрин/Youtube/Nogometni Stadioni

Како што и најави селекторот на српската репрезентација, Драган Стојковиќ Пикси, оваа земја во 2025 година би требало конечно да добие „Национален стадион“.

Според тамошните медиуми стадионот најверојатно ќе го носи името „Србија“ и чија изградба ќе чини околу 257 милиони евра, а Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура, како и Урбаниот институт од Белград, во понеделникот јавно го претставија идниот изглед.

До стадионот, ќе има и фудбалска академија, трговски центар, а веројатно и музеј на Фудбалската федерација на Србија. Исто така, редовната линија на белградскиот воз ќе оди до стадионот.

– Идниот стадион ќе се наоѓа во делот на градската општина Сурчин, источно од државниот пат, во близина на обиколницата во Белград.

Еден од најмодерните стадиони, од таканаречената Категорија Четири, определена од УЕФА, ќе биде изграден на вкупно 114 хектари државно земјиште, а објектот ќе треба да исполнува многу прецизни и строги стандарди на оваа организација и ФИФА – рече на презентацијата Божидар Бојовиќ од Урбаниот институт во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот