СРАМОТА: Ремзи даде гол, Миха „почивај во мир“! (ФОТО)

twitter.com/Guillaumemp

Српскиот тренер и шефот на стручниот штаб на Болоња, Синиша Михајловиќ повеќе од два месеци води борба против леукемија и љубителите на фудбалот ширум светот му даваат голема поддршка.

Но, во Италија се најдоа неколку одвратни луѓе кои со коментари на социјалните мрежи ги згрозија сите. Тие одлучија да ја покажат својата ограниченост, така што на Фејсбук во една објава „погребаа“ жив човек – Миха.

Имено, на една страница имаше неколку морбидни коментари кои во продолжение можете да ги погледнете:

– Дали доаѓа Михајловиќ на мечот против Рома или повторно на зрачење? Зошто Болоња и Спал игра во петок, дали се исплашија Синиша да не умре до недела или можеби мораше за викенд на хемотерапија?

– Михајловиќ е во групата на тренерот кои нема да издржат на клупата до крајот на првенството.

– Ремзи даде гол, Синиша почивај во мир.

Овие коментари предизвикаа револт помеѓу навивачите на Болоња кои го пријавиле целиот случаj, па страницата наскоро беше исклучена.

Но, правниот тим на Болоња не се задоволи со тоа, туку целиот случај беше пријавен во полиција со цел да се идентификуваат одговорните за овој скандал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот