Спроведена постапка против Чеченец осомничен за препродажба на дрога во Гостивар

Полициски службеник / Фото: Архива

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Република Чеченија, Руска Федерација, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка-притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, како и можност да го повтори делото и да влијае врз сведоците.

Како што информира Јавното обвинителство, осомничениот 35-годишник, од засега непознато лице, купил одредено количество наркотична дрога – марихуана, која ја држел во својата соба во еден мотел во Гостивар со намера да ја препродава. При претрес кај осомничениот на 10 февруари биле пронајдени околу 15 грама марихуана во најлонско пакување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот