„СПорткаст“, „Митови и факти“ и „Со Ана на ТИ“ од утре на „Слободен печат“
„Слободен печат“ со нови содржини од утре. Стартуваме со три поткасти.
Препорачано
Спортските приказни би биле залудни ако не бидат прераскажани затоа гледајте „СПорткаст“ со Стефан секој понеделник од 20 часот. Негови гости ќе бидат луѓе коишто дел од својот живот го посветиле на спортот без разлика дали станува збор за спортисти, тренери, судии и делегати, спортски новинари, психолози…
Четврток е резервиран за „Митови и факти“ со новинарот Срѓан Ивановиќ. Со неговите гости неуморно ќе ја бара вистината. Следете го во 20 часот.
Во денот пред викенд – петок гледајте го поткастот „Со Ана на ТИ“. Почнуваме со еден поинаков, „женски“ поткаст. Ќе се потрудиме да ви пренесеме нераскажани, лични приказни на луѓе кои оставиле уникатен личен и професионален печат во културата, уметноста, забавата и градскиот живот кај нас. Ќе зборуваме за првите љубови, болки, борби, падови и успеси кои сите нè прават луѓе. Секој петок во 20 часот следете „Со Ана на ТИ“!
Следете го секако и „Медицинското катче“ секој вторник со Валентина Ангеловска, но и видеата на останатите наши новинари. Овде не застануваме, наскоро уште еден серијал посветен на мајката. Останате на нашите платформи и следете нè.


