Според Зеленски, успешна руска инвазија би била опасност и за остатокот од Европа

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешниот говор во данскиот Парламент, им се заблагодари на пратениците што помогнале на неговата земја да се спротивстави на инвазијата на Русија, еден ден откако Данска и Холандија објавија дека ќе му обезбедат на Киев борбени авиони Ф-16 од американско производство, кои би можеле да бидат испорачани на крајот на годината.

Зеленски им рекол на пратениците дека доколку руската инвазија биде успешна, и другите делови на Европа ќе бидат во опасност од воена агресија на Кремљ.

„Сите соседи на Русија ќе бидат загрозени доколку Украина не победи“, рече тој во говорот во Копенхаген.

Зеленски рече дека Украина треба да биде соодветно опремена за да се одбрани од многубројните руски сили.

Холандија и Данска ветија дека ќе и достават на Украина американски повеќенаменски борбени авиони Ф-16, а САД исто така ја одобрија испораката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот