Според бројот на инсталирани камери на 1.000 жители: САД се лидери со 152 уреда пред Кина и Русија кои имаат по 93

Фото: EPA-EFE/ARMANDO BABANI

Русија е на трето место во светот, по Кина и САД, по бројот на инсталирани камери за видео надзор, објави руската новинска агенција ТАСС. Според студијата на информатичко-аналитичката агенција „Телеком дејли”, во Русија на 1.000 луѓе се инсталирани 93 камери.

По бројот на инсталирани камери на 1.000 луѓе, САД се лидери во светот со 152 уреда, пред Кина со 93 камери.

Во Русија има 13,5 милиони камери, во Кина 200 милиони, а во САД – 50 милиони камери.

Видео-надзорот и складирањето на податоци се една од најразвиените области на ИТ. Заработката од видео-надзор во минатата година изнесуваше 1,55 милијарди долари, а до крајот на годината се очекува да се искачи на 1,83 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот