Спировски ќе биде соиграч на Радески во ерменскиот Пјуник?!

стефан спировски
фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Се најавува дека уште еден македонски фудбалер, после Марјан Радески, ќе ги брани боите на ерменскиот клуб Пјуник.

Пјуник летово успеа да обезбеди место во групите на Лигата на конференции во чие натпреварување ќе ги одмери силите против Базел, Слован Братислава и Жалгирис.

Нашиот репрезентативец Стефан Спировски му истече договорот со унгарската екипа МТК Будимпешта, по што стана слободен играч.

Информациите велат дека 32-годишниот играч од средниот ред ќе потпише договор на една година со Пјуник.

До сега има 52 настапи и еден гол за македонската А селекција, а на клупски план настапуваше и за Пелистер, Борац Чачак, Работнички, Берое, Вардар, Хапоел Тел Авив, АЕК Ларнака и Мариупол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот