Манчестер Јунајтед размислува за продажба на Маркус Рашфорд

фото: EPA-EFE/Peter Powell

Манчестер јунајтед ќе размислува за продажба на Маркус Рашфорд доколку до канцелариите на клубот дојдат соодветни понуди за англискиот напаѓач.

Сепак, клубот од Премиер лигата нема да биде проактивен околу идејата за разделбата со англискиот фудбалер, кој има повеќе од четири години од договорот на „Олд Трафорд“.

Крајната желба на „црвените ѓаволи“ е да го задржат 26-годишниот играч и да соработуваат со него за да го вратат напаѓачот во неговите минатите најдобри денови.

Рашфорд повторно потпиша со неговиот роден клуб минатиот јули до летото 2028 година.

Тој оваа сезона одигра 40 натпревари за Јунајтед, постигна осум гола и беше асистент на пет погодоци, а во последните денови се дозна дека бил сериозно малтретиран од навивачите на клубот.

– Ја ценам вашата поддршка, но навредите веќе траат со месеци. Доста е – напиша Рашфорд на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот