ГП Табановце. / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Спасовски: Одлуката за отворање на границите не е поврзана со изборниот процес

Отварањето на границите го најавуваме повеќе време зависно од анализите на Комисијата за заразни болести, а тоа е врз основа на епидемиолошката анализа која се прави и овде и во регионот. Најпрво ЕУ ги отвори границите за своите членки и тие на тој начин функционираат помеѓу себе, изјави премиерот Оливер Спасовски на денешната пресконференција, одговарајќи на новинарско прашање, во однос на тоа дали одлуката за отворање на границите е поврзана со престојните избори на 15 јули.

– Ние мораме да научиме да живееме со овие мерки и сите заедно да придонесеме за тоа колку е можно повеќе да го држиме вирусот под контрола. Оваа одлука за отворање на границите не е во корелација со изборниот процес, туку во однос на проценките на Комисијата за заразни болести – потенцираше Спасовски.

Премиерот рече дека не е точно оти одлуката била донесена за да се вратат иселениците и да гласаат на 15 јули, туку границите се отвораат поради епидемиолошка проценка направена од страна на Комисијата за заразни болести.

-Тоа е злоупотреба на која било одлука. Во изборна кампања сите сакаат лесно да излезат пред граѓаните и да соопштуваат одлуки кои ги ставаат во корелација со нивните ставови. Јас сепак сакам да ги почитуваме сите оние кои носат одлуки врз основа на анализи, бидејќи така правевме и досега. Одлуката се темели строго на препораките на Комисијата за заразни болести – заврши Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот