Спасовски: Обвинителството да покрене постапка за бегството на Груевски

Најдобро е пропустот за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски да го утврди обвинителството и да покрене постапка,  вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што изјави денеска Спсовски, тој не се чувствува повикан од ставот во обраќањето на претседателот Стево Пендаровски дека е разочаран што една година по бегството на Груевски, сè уште нема извештај од институциите за тоа како избега Груевски.

– Јас не се чувствувам воопшто повикан затоа што начинот на којшто се случи тоа го покажува точно пропустот, но најдобро е тој пропуст да го утврди Обвинителството и да покрене постапка во однос на секој настан кој ќе ни се случува затоа што ако немаме покренување постапки, ако немаме казнивост тогаш може да ни се повторуваат овие дела. За тоа говорам цело време, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по почетокот на активностите за изградба нанова зграда за Одделот за крим техника при Министерството за внатрешни работи.

Прочитајте и...  Американски шпионски авион повторно ја надлетуваше Северна Кореја

Спасовски дополни дека извештајот од внатрешната контрола во МВР за бегството на Груевски е предаден веднаш во Јавното обвинителство и оти на јавноста ќе и бидат соопштени информации кога ќе биде затворена истрагата.

– Истрагите не може да ги водиме во јавност и преку камери, тие се водат во ЈО и кога ќе дојде моментот на затворање на истрагата се соопштува во јавност, наведе Спасовски.

Прашан дали очекува да биде идниот технички премиер, тој повтори дека е подготвен сум да се бори за уште еден мандат на Владата, без оглед на тоа, како што вели, дали ќе биде на одредена позиција или само потпретседател на СДСМ.

– Таа работа никој не може да ни ја земе за да направиме се СДСМ да биде идниот мандатар, рече Спасовски.

Прочитајте и...  Мета ќе организира протести на втори март: Време е институциите да се вратат во рацете на народот

Прочитај повеќе

Нетанјаху се откажа од дел од мировниот план на Трамп за прекројување на израелската граница

Слободен печат

Голем дел од жртвите на нападот во Ханау биле со странско потекло

Слободен печат

Коснет: Косово е држава и тоа и ќе остане

Слободен печат

Ако вчера кренавте слушалка на странските повици, пожалете се до „Телеком“ – жртва сте на „Вангири“ измама

Грета Тунберг со пари од награда ќе основа непрофитна фондација

Слободен печат

Колевски: Законот за јавното обвинителство нуди механизам за спречување влијанија, но сепак зависи од обвинителите како ќе постапуваат

Слободен печат

1 comment

НЕВЕН ГНЕВЕН 25/12/2019 - 14:22 at 14:22

Ако не беше МВР, Груевски и сега ќе си беше во Македонија.

Reply

Остави Коментар

дваесет + 9 =

Прочитај повеќе

Грчев: Одлуката на Владата, споменикот да биде пренамент е бесмислена

Ѓукановиќ: Нема никаква причина да се измени или повлече Законот за слобода на вероисповед

Слободен печат

Дацов: Референдум за усвојување на еврото би претставувало гласање за излез на Бугарија од ЕУ

Слободен печат

Инспекција во словенечката полиција по наводите за шпионажа на политичари и пратеници

Слободен печат

Русковска: Боки 13 не беше уапсен во библиотека, туку при бегство

Истрагата за убиствата во германскиот град Ханау се води како тероризам

Слободен печат