Спасовски: Не ми е важно дали во евентуалната широка влада ќе останам министер

Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи/Фото: МВР

На министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не му е важно дали ќе остане прв човек на МВР доколку се формира широка влада. Спасовски вели дека не размислува за неговата лична позиција, туку дека е битно државата да исчекори напред.

„Прво ќе видиме како ќе заврши целиот овој процес на уставните измени . За мене е многу важно дражавата да исчекори напред, да ги отвориме перспективите за граѓаните, пред се за младите луѓе, да покажеме дека одговорноста како политичари пред граѓаните е огромна, така што воопшто не размислувам за моите лични позиции, тоа не е важно, важни се Македонија и граѓаните на Македонија“, вели Спасовски.

Тој одби да коментира дали напредува политичкиот дијалог за уставните измени.

„Владата постојано разговара и презема низа активности коишто ќе значат забрзан чекор кон европските интеграции и тие одлуки се одлуки за граѓаните и час поскорро треба да бидат донесени за да се отвори перспектива за граѓаните. Политчките партии го работат тоа во рамките на партиите и јас денеска не можам да коментирам за политика – рече министерот за внатрешни работи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  во телевизиско гостување веќе изјави дека доклоку дојде до формирање на широка влада, тие ќе побараат со МВР да раководи кадар од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Владата пак, на вчерашниот брифинг со новинарите велат дека процесот се уште не е дојден до распределба на министерските позиции доколку разговорите со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени резултира со договор.

На лидерската средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, минатата недела премиерот му понуди на Мицксоки формирање широка влада во која СДСМ ќе отстапи за ВМРО-ДПМНЕ пет од 10-те министерски позиции.

На вчерашниот брифинг со новинарите од Владата велат дека Ковачевски е подготвен да ја отстапи и премиерската функција на Мицксоки, односно на ВМРО-ДПМНЕ, за уставните измени да бидат изгласани со двотретинско мнозинство, но дека во таков случај Мицкоски како премиер на преодната влада ќе треба да биде и потписник на иницијативата за уставни измени.

И од ДУИ изјавија дека се подготвени да се откажат од премиер Албанец во техничката влада во интерес на изгласување на уставните измени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот