Спасовски: На сите вработени во МВР денеска им е исплатена 10 проценти зголемена плата

Оливер Спасовски - министер за внатрешни работи / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека денеска на сите вработени во МВР им е исплатена за 10 проценти зголемена плата.

– Со посебно задоволство можам да кажам дека од 2016 досега реализиравме 5 покачувања на платата за сите вработени во МВР, и тоа во 2016, 2019, 2022 за 5 проценти, во март 2023 линеарно зголемување во бруто износ од 3.086 ден, а согласно измените во Општиот колективен договор за јавниот сектор, со кои основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за 10 проценти, сите вработени во МВР со исплатата на платата за месец септември, добија 10 проценти зголемена плата, напиша Спасовски на неговиот фејсбук профил.

Дополнително, во 2019, првпат од 1991, за 4.821 униформирани вработени, со зголемување за 10 и 20 на бодовите на плата само за работната позиција „полицаец“, појаснува Спасовски, се овозможи издвојување на основната категорија Е и Ж работна позиција помлад полицаец, полицаец и виш полицаец од останатите вработени.

Покрај ова, министерот Спасовски на својот фејсбук профил, во 2020 година постигнавме зголемување на основна компонента на плата во висина од 20 проценти и 30 проценти, во зависност од сложеноста на работа, за вработените во Одделот за информатика и телекомуникации, а во 2022, заради усогласување со Законот за минимална плата, вработените во МВР кои не се овластени добија покачување со платата за месец март и тоа за сите работни места, а истовремено ги зголемивме платите на вработените во Одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика и во ИПА Одделението, со што се спречи одлив на вработени од овие организациски единици.

– Исто така, започнувајќи од 2020 година, реализиравме исплата на 6 бонус плати за вработените во МВР и тоа:
– за 2017 на 1.819 вработени во износ од 46.340.844 ден.;
– за 2018 на 1.916 вработени во износ од 51.680.268 ден.;
– за 2019 на 5.013 вработени во износ од 139.617.063 ден.;
– за 2020 на 4.508 вработени во износ од 136.150.616 ден.;
– за 2021 на 5.922 вработени во износ од 188.965.098 ден.;
– за 2022 на 5.791 вработен во износ од 204.995.609 ден.
5 покачувања на плата за сите вработени во МВР
4 дополнителни покачувања за одредени категории работни места
6 исплатени бонус плати
МВР и МПС со ДИЈАЛОГ до РЕШЕНИЈА! , објави министерот за внатрешни работи Спасовски на фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот