Спасовски: Го сузбиваме сајберкриминалот – Одделот за компјутерски криминал на МВР на ниво на техника и кадри се унапредува

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Утрински брифинг / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Дали Македонија е подготвена за сајбер напади и информативна војна бидејќи Македонија е цел на Русија како непријателска земја, како што рече и рускиот амбасадор, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за Утрински брифинг вели дека многу малку време и енергија се искористи во изминатиот период за сајбер нападите.

-Со државите партнери со кои соработуваме малку време се посветуваше на сајбер нападите. Сега веќе се дискутира и сите сериозно гледаат на овие напади на кои и ние бевме изложени со напади на неколку државни органи. Одделот на компјутерски криминал на МВР на ниво на техника и кадри се унапредува и вложувавме во човечкиот потенцијал. Во делот на ИТ тешко се задржуваат луѓето тука. Мислам дека во делот на институциите и стопанството од сајбер напади имаме голем напредок. Обидите за напад на МОН и слично беа успешно спречени, вели Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот