Спасени 96 мигранти од брод во Средоземно море

Фото: EPA

Втората група од 45 мигранти беше спасена од италијанските власти и однесена во Лампедуза, во неделата вечерта, наведе „Аларм телефон”.

Војската на Малта вчера спасила група од 95 мигранти, откако нивниот брод имал дефект и постоела можност да се преврти.

Портпаролот на малтешката армија потврди, без да даде други детали, дека групата мигранти ќе биде транспортирана на брегот.

Весникот „Тајмс оф Малта”, повикувајќи се на владини извори, наведува дека мигрантите биле спасени „многу далеку” од малтешкиот брег, но во рамките на зоната за пребарување и спасување.

Бродот испуштил гориво и постоела можност да се преврти, соопшти во неделата „Аларм телефон”, телефонска служба за мигранти во итни случаи. Луѓето на бродот викале „умираме”.

„Аларм Телефон” наведува дека веднаш ги известил малтешките и италијанските власти за проблематичниот брод, но од нив не добиле повратен одговор. Оттаму наведуваат дека Малта цели 30 часа не им пружила помош на мигрантите и дека имало „систематски одложувања” во операциите за спасување.

Втората група од 45 мигранти беше спасена од италијанските власти и однесена во Лампедуза, во неделата вечерта, наведе „Аларм телефон”.

Лампедуза, најјужната точка на Италија, последниве денови е преплавена со мигранти и градоначалникот кажа дека може да се прогласи вонредна состојба.

Агенцијата АНСА наведува дека над 150 мигранти пристигнале ноќе на островот, каде веќе се стотици други, претежно од Тунис.

Постојат и обвинувања за мигранти кои избегале од центрите за мигранти во Сицилија и кршејќи ги правилата за карантин, додека едно сомалиско семејство кое слета во Лампедуза минатата недела тестирало позитивно за ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот