Создавачот на хит-серијата „Rick & Morty“ обвинет за семејно насилство, доби отказ од „Adult Swim“

Колаж: Слободен печат / Фото: Profimedia / IMDB

Американскиот аниматор, гласовен актер и еден од двајцата создавачи на анимираната серија „Rick and Morty“, Џастин Ројланд повеќе нема да биде дел од успешниот проект, а главната причина за оваа одлука се обвинувањата за семејно насилство на сметка на Ројланд, пишува „Гардијан“.

Имено, Ројланд се изјасни за невин и го чека судењето откако беше обвинет за измама, заканувачко и насилничко однесување. Обвиненијата се однесуваат на инцидент кој се случил во 2020 година, во кој била вклучена неидентификувана жена со која Ројланд живеел и се забавувал во тоа време.

И неговиот адвокат, Едвард Велбурн тврди дека Ројланд е невин.

„Не само што Џастин е невин, туку и ние очекуваме дека ова прашање ќе биде отфлено откако обвинителот ќе ги прегледа доказите“, изјави адвокатот на почетокот од месецот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rick and Morty (@rickandmorty)

Ројланд, заедно со Ден Хармон, ја создаде анимираната серија „Rick and Morty“, која премиерно се емитуваше во 2013 година, на ноќниот програмски блок на телевизијата „Cartoon Network“ – „Adult Swim“ и доживеа неверојатна популарност кај љубителите на ваквиот тип серии.

Претставничката на „Adult Swim“, Мери Мур вчера излезе со соопштение дека тие официјално ја прекинуваат соработката со Ројланд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by [adult swim] (@adultswim)

Поради големиот успех на серијата, „Adult Swim“ нарача дополнителни 70 епизоди во 2018 година, со што создавачите на „Rick and Morty“ се обврзани да создадат десет сезони на серијата. Досега се емитувани шест сезони.

Како гласовен актер, Ројланд го позајмуваше својот глас за двајцата главни ликови – Рик и Морти, но и за неколку други поспоредни ликови. Како што објави „Холивуд репортер“, „Adult Swim“ планира да ангажира нов актер кој ќе го позајмува гласот за Рик и Морти. Ројланд ќе ја задржи заслугата како сосоздавач на серијата, но Хармон ќе продолжи сам во создавањето на останатите четири сезони на „Rick and Morty“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот