Совршен летен оброк: Полнети пиперки со сирење! (РЕЦЕПТ)

профимедиа

Сјаен рецепт за летниот ручек. Многу се вкусни и брзо се подготвуваат.

Наместо да користите ориз и месо, прилагодете си го овој рецепт за тропските денови, за да не ви биде претежок за стомакот. Многу лесно се подготвува, а она што е најдобро е дека тој ќе ви обезбеди доволен внес на витамини со многу малку калории.

За подготовка потребно ви е:

– 7 обични или пиперки бабури
– 600 гр ситно сирење или урда (по желба)
– 2 домати
– масло
– сол
– 2 јајца

Подготовка:

Пиперките измијте ги и издлабете ги, исчистете ги од семките и оставете ги на страна.

Во сад за мешање соединете го сирењето со јајцата, па посолете и добро измешајте, наместо сирење можете да употребите и урда, која е исклучително здрава за нашето тело. Со оваа смеса наполнете ги пиперките. Доматот исецкајте го на покрупни делови и со нив затворете ги пиперките со цел филот да не ви истече.

Наредете ги полнетите пиперки во намастен ватростален сад и печете во загреана рерна на 200 степени додека пиперките не заруменат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот