Советот на Општина Желино за претседател го избра Бујар Бафтијари од Движење Беса

Бујар Бафтијари
Бујар Бафтијари/ Фото: Фејсбук

Советот на Општина Желино на денешната седница избра претседател – советникот Бујар Бафтијари од Движење Беса. Тој ја доби поддршката на десет, од вкупно 19 советници.

-Им благодариме на сите советници на општина Желино кои на денешната седница покажаа висока свест и политичка зрелост и кои наместо да ги опструираат проектите на општината решија да поддржат проекти од кои корист ќе имаат нашите граѓани, изјави градоначалникот Бљерим Сејди.

Советот е составен од 19 членови-по осум имаат Движење Беса и ДУИ, двајца од СДСМ и еден од Алијанса за Албанците.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот