Совет за реформи во правосудството: Јавните обвинители да бидат избирани од Советот на јавни обвинители

Фото: МИА

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата е решение кое отвара врата за политизација во јавнообвинителскиот систем, им препорачаа членовите на Советот за имплементација на Стратегијата за реформи во правосудството на политичките партии и пратениците во Собранието на денешната тринаесетта седница на Советот на која беше презентирана информација за разговорите за обезбедување мнозинство за донесување на Законот за Јавното обвинителство.

„Постапка во која политички партии, односно опозицијата би предлагала јавен обвинител, може да обесхрабри квалитетни обвинители да се јават на конкурсот за шеф на обвинителството. Поради тоа, Советот препорачува да не се прави исклучок за било кое јавно обвинителство и да се задржи уставниот принцип Советот на јавни обвинители да ги избира шефовите на јавните обвинителства“, соопшти владината прес-служба.

Министерката за правда, Рената Дескоска, информирала за текот на разговорите, за решенијата за статусот на обвинителството надлежно за гонење висока корупција, за прашањата поврзани со Специјалното јавно обвинителство, за критериуми за избор на обвинители и за други прашања отворени за време на разговорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот