Состојба со ковид капацитетите во главниот град: За 24 часа во Скопје се хоспитализирани 38 пациенти

Фото: Драган Митрески - Слободен печат.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 38 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 480 лица, сомнителни и потврдени за ковид-19, се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
На интерните клиники, во последното деноноќие, имало вкупно 22 приема и тоа три пациенти биле хоспитализирани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, еден во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, шестмина болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, двајца пациенти на Клиниката за нефрологија, седум во новиот центар на Клиниката за уво, нос и грло и тројца болни на Клиниката за очни болести. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени пет нови болни во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.
Во моментот, во ковид центарот на Клиника за кожни болестисе лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија – 35, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 44 пациенти со симтоми на коронавирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментот се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 14 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 19 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 106 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца – Козле има 35 пациенти од кои девет деца и 24 возрасен.
Вкупно 480 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив добиваат кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот