Сорос: Цивилизацијата може да не ја преживее оваа авантура на Путин
Руската инвазија на Украина можеби го означи почетокот на „третата светска војна“, а рускиот претседател Владимир Путин мора да биде поразен „што е можно поскоро“ ако светот сака да ја зачува цивилизацијата. Ова е острата порака што милијардерот со унгарско потекло и филантропот Џорџ Сорос во вторникот им ја пренесе на присутните на Светскиот економски форум во 2022 година во Давос, Швајцарија.
Препорачано
Дури и кога борбите ќе престанат, како што на крајот мора да се случи, ситуацијата никогаш нема да се врати онаму каде што беше порано, предупреди 91-годишниот Сорос.
Други прашања, што го засегаат целото човештво – борбата против пандемијата и климатските промени, избегнувањето нуклеарна војна, одржувањето на глобалните институции – мораа да се поместат на второто место. Затоа велам дека цивилизацијата можеби нема да преживее.
Сорос, кој е поранешен менаџер на хеџ фонд и е претседател на Сорос Фонд Менаџмент и основач на Фондацијата Отворено општество, е познат по тоа што го користи своето богатство за да помогне во поттикнување отворени општества и создавање инклузивни демократии со одговорни влади.
Но, по настаните од 11 септември, истакна тој, плимата почна да се врти против отворените општества. Како резултат на тоа, „репресивните режими сега се во подем и отворените општества се под опсада“, рече Сорос во вторникот. -Денес Кина и Русија претставуваат најголема закана за отвореното општество.
Отворените општества имаат влади кои се дијаметрално спротивни од владите во затворените општества, истакна Сорос. -[Во] отворено општество, владеењето на државата е да ја заштити слободата на поединецот. [Во] затворено општество, улогата на поединецот е да им служи на владетелите на државата.
Тој ги посочи Кина и Русија како најголеми закани за отворените општества помогнати од развојот на дигиталните технологии и особено вештачката интелигенција.
Во теорија, вештачката интелигенција треба да биде политички неутрална – може да се користи за добро или лошо. Но, во пракса ефектот е асиметричен. Таа е особено добра во создавање инструменти за контрола кои им помагаат на репресивните режими и го загрозуваат отвореното општество, рече Сорос.
Милијардерот, исто така, ја критикуваше кинеската политика за заклучување, „нула ковид“, велејќи дека имала „катастрофални последици, туркајќи ја кинеската економија во слободен пад од март“, што придонесе за „негативни резултати“ за глобалната економија.
Тој ја пофали Украина за борбата за вредностите на западниот свет.
Мислам дека Украина денес и прави огромна услуга на Европа и на западниот свет и на отворањето на општеството и нашиот опстанок, бидејќи тие ја водат нашата борба, рече Сорос.
Тие имаат навистина добри шанси за победа…[Ние] мора да им ја дадеме сета поддршка што ја бараат, пренесува Си-ен-ен.


