СОНК во недела ќе соопшти дали учебната година ќе почне на 2 септември

Синдикатот за образование, наука и култура во недела ќе соопшти дали учебната година ќе започне на 2 септември или ќе се одржи предупредувачки штрајк

Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски за порталот деца.мк вели дека ќе почекаат да видат што ќе се случи во текот на утрешниот ден и во недела официјално ќе кажат дали в понеделник ќе има предупредувачки штрајк. На прашањето како родителите да знаат дали детето ќе оди во училиште, повтори дека официјалната информација за предупредувачкиот штрајк ќе ја дадат во недела.

Тој најавува дека понатаму во септември доколку не се договорат со Владата, ќе следува генерален штрајк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот