Сонично патување во салата „25 Мај“ на МКЦ

Во Младинскиот културен центар на 5 и 6 ноември се одржува концертниот настан „Музички блок“. Во двете вечери настапуваат групи што го носат новиот звук на македонската, но и на регионалната музичка сцена.

Првата вечер ќе го донесе беспрекорно фасцинантниот источномакедонски ритам и бит на групата „Калата“, фантастичните „Светлост + Одрон ритуал оркестра“, кои како повод го имаа новиот албум објавен под етикетата на „СЏФ рекордс“, како и соничното истражување возено од тројца уникатни инструменталисти од Скопје, кои се именуваат како „3 Јест“.

За втората вечер се најавени концертите на гостите „Роза“ од Србија и „Немања“ од Хрватска. Како домашна поддршка ќе настапи „21 век“, новиот бенд-проект на Васко Атанасоски (Бернајс пропаганда), кој со својата верна екипа Дени Крстев и Раде Јордановски ќе го промовираат новиот албум „Си нацртав живот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот