Сончево со слаб ветер, температурите ќе достигнат до 33 степени

Сонце / Фото: Архива на Слободен Печат

Времето денеска ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утрото ќе биде свежо и минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 33 степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 32 степени.

Во следните денови, како што најавија од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра, а дневната температура до средината на неделата ќе биде во пораст, а потоа нема многу да се менува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот