Сомнежи за саботажа во Балтикот откако се отворија големи дупки во гасоводот „Северен поток“, Блинкен вели: никој нема интерес да саботира

Фото: EPA-EFE/Danish Defence Command

Стравувањата од саботажа се појавија откако вчера беа идентификувани мистериозни истекувања на гас од гасоводниот систем „Северен поток“ со кој управува Русија, која пред неколку недели го исклучи снабдувањето кон Европа низ гасоводниот систем.

Данските и шведските власти издадоа предупредувања за навигација откако беа откриени две протекувања на гасоводот Северен тек 1, кој Кремљ го затвори претходно овој месец на неодреден временски период како одмазда за западните санкции.

„Ова не е мала пукнатина. Тоа е навистина голема дупка“, велат од Данската агенција за енергија.

Мапа од местото на истекувањето / Фото: Energystirelsen

Предупредувањата дојдоа само неколку часа откако беше откриено посебно истекување гас на вториот гасовод, Северен тек 2, контроверзен проект кој беше замрзнат од германската влада неколку дена пред руската инвазија на Украина и никогаш не стана оперативен.

Данската премиерка Мете Фредериксен рече дека саботажата не може да се исклучи како објаснување за настаните.

„Сè уште е рано да се заклучи, но тоа е вонредна ситуација“, рече таа. „Има три протекувања и затоа е тешко да се замисли дека тоа што се случува е случајност.

Фредериксен беше во Полска, каде што присуствуваше на церемонијата на отворање на Балтичкиот гасовод, сосема нова рута за пренос на норвешки гас до Данска и Полска.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека разбрал оти истекувањата откриени во гасоводите Северен тек нема да имаат значително влијание врз снабдувањето со енергија за Европа.

На прес-конференција заедно со индискиот министер за надворешни работи, Блинкен рече дека САД не ги потврдиле првичните извештаи дека истекувањето може да биде резултат на напад или саботажа, но оти ако е саботажа, тоа не е во ничиј интерес.

„Дефектите што се случија на три крака на подморските гасоводи Северен тек 1 и Северен тек 2 се без преседан, а времето на поправка е невозможно да се процени во овој момент“, соопшти претходно денеска „Северен тек АГ”, операторот на гасоводот „Северен тек“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот