Солскјер не се плаши од отказ: Притисокот е привилегија

Оле Гунар Солскјер свесен дека во тренерската работа се бројат само резултатите/Манчестер, Англија, 19 септември 2021/EPA-EFE/Phil Noble

Фудбалерите на Манчестер јунајтед в среда (21.00 часот) ќе го пречекаат Виљареал во рамките од второто коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ во првиот натпревар загуби од швајцарскиот Јанг Бојс со резултат 2:1, а сега триумфот е императив против шампионот на Лига Европа.

– Притисокот е привилегија. На него мораш да се навикнеш кога работиш во ваков клуб. Во тренерската работа се бројат само резултатите. Затоа влегуваме во натпреварот за да победиме – рече Солскјер.

Ова ќе биде реприза на финалето на Лига Европа, кое шпанскиот тим го доби по подобрата серија пенали.

– Мислам дека оттогаш напредувавме многу. Со засилувањата сме уште подобри. Убеден сум дека ќе одиграме многу подобро од тоа финале – вели Норвежанецот.

Во вториот меч од оваа група ќе се сретнат екипите на Аталанта и Јанг Бојс со почеток од 18.45 часот.

– Потребни ни се 10 или 12 бода за да се пласираме во следната фаза. Доколку имаме нула или еден бод по две кола, тогаш е јасно дека треба да бркаме победи до крајот. Затоа овој натпревар со Виљареал ни е многу важен. Сакаме триумф по секоја цена – се зборовите на Солскјер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот