ВИДЕО | Сојузот на средношколци бара бесплатен јавен превоз за учениците од приватните училишта

Гужва во јсп автобус / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Со почетокот на новата учебна година се провлече уште една стара рана од образовниот систем. И покрај тоа што Уставот предвидува еднков третман за учениците и од јавните и од приватните средни  училишта во државата, моменталната ситуација во праска не го покажува тоа. Средношколците од приватните училишта мораат да платат билет.

– Во јуни 2023 година, поранешниот претседател на Сојузот на средношколци  Лука Павиќевиќ поднесе иницијатива за оценување на уставноста на делови од Законот на средното образование до Уставниот суд. Истата година во декември, Сојузот ја оствари својата цел, со тоа што Уставниот суд донесе одлука дека различен третман на учениците од средното образование во однос на стекнувањето на правото за користење на бесплатен превоз е спротивно на член 9 став 2 и член 44 став 2 од Уставот. Со ова очекувавме дека институциите ќе им овозможат на учениците да го остварат правото на бесплатен превоз – велат од Сојузот на средношколци.

Два месеци по одлуката на Уставниот суд, со почетокот на учебна година, ЈСП информираше дека сите ученици од средните училишта ќе добијат бесплатни билети освен тие од приватните. Министерството за образование и наука исто така се оградува од одговорност и вели дека од државниот буџет се издвојуваат средства само за јавното образование.

Додека институциите меѓусебно си ја префрлаат одговорноста, одлука на Уставниот суд на државата не се почитува. Токму затоа, Сојузот на средношколци ги повикува МОН, Град Скопје и ЈСП да го почитуваат Уставот и да ја спроведат одлуката на Уставниот суд.

Погледнете ја изјавата на Берин Муахемед, престедател на Сојузот на средношколци во продолжение.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот