Собранието го донесе Законот за судски совет

Собрание / фото: Влада на РСМ

Со вкупно 62 гласови „за”, без ниту еден против или воздржан, пратениците попладнево, во трето читање, го донесоа Законот за судски совет на Република Северна Македонија.

Според Законот, Судскиот совет е самостоен и независен орган на судството, ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите.

Согласно членот 3 од Законот, се забранува политичко организирање и дејствување во Советот.  Членовите на Советот во вршењето на функциите на Советот не смеат да остваруваат партиска активност. Советот со својата работа оневозможува политичко влијание во судството.

Собранието претходно, во рамки на 95. седница донесе и закони кои претседателот Ѓорге Иванов претходно со указ одби да ги потпише.

Разгледани беа и неколку барања за автентични толкувања.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот