Со температура и симптоми на ковид-19, рентген техничар одел на работа, се чекаат тестовите за уште тројца вработени

Фото: Драган Митрески

Рентген техничар на Институтот за радиологија (рентген институт) е позитивен на коронавирус. Според првичните информации, тој доаѓал три дена на работа иако бил болен, со температура и симптоми на ковид-19.

Во моментот таму се прави епидемиолошка анкета, а резултати од тестовите се чекаат за уште тројца, потврија за НОВА во ДСЗИ, од каде велат дека таму е можен нов кластер на коронавирусот.

Не се знае со колку вработени, како и пациенти имал контакт вработениот техничар, колку од нив снимал, ниту дали носел лична заштитна опрема.

Неофицијално, наводно за него се подготвува дисциплинска постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот