Со овој тип мажи оргазмите се најдобри!

И покрај различните теории за женското задоволство, не е важна техниката или големината, туку една физичка и навидум неважна особина која јасно има еволутивни корени.

Постојат многу фактори кои влијаат врз тоа дали жената ќе има оргазам или не – од чувство на опуштеноst во сопственото тело, љубовнички вештини на партнерот до големина на неговиот полов орган, но има и други физички фактори кои можат да предвидат дали таа ќе биде „задоволна“ со него .

Големата студија заснована на хетеросексуални жени кои се во стабилни односи со времетраење од повеќе од шест месеци, покажа кои фактори се поврзани со поголема веројатност за оргазам со партнерот. Од психолошките, се издвојуваат два најважни- неговата самодоверба и висината на приходот. Психолозите ова го објаснуваат преку призмата на т.н. алфа мажи, па жените несвесно ги перцепираат мажите со повисоки примања од нив, но и висока самодоверба, како мажествени и пожелни.

Освен тоа, оргазмот е во силна корелација со тоа колку мажот е физички привлечен за неговата партнерка, а на големо изненадување и со еден физички атрибут – ширината на неговите раменици. Иако звучи малку бизарно, не е баш така, објаснуваат стручњаците. Имено, ширината на рамениците се поврзува со зголемениот тестостерон и биолошката предодреденост. За оние кои не се родени со генетска предиспозиција за широки раменици, вежбањето е секако добра идеја, советуваат стручњаците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот