Со овие билки внесете позитивна енергија во вашиот дом

Филозофијата на Фенг шуи е дека растенијата се способни драматично да го сменат животот на човекот Тие имаат својство на луѓето да им обезбедат позитивна енергија, а исто така можат позитивно да влијаат на некои животни аспекти – да ја подобрат финансиската ситуација, да привлечат среќа, да исцелуваат од различни болести, а исто така и да ги смируваат оние кои се скарани. Во продолжение прочитајте некои совети што ќе ви помогнат при избор на „зелен пријател“.

Лаванда – еден од древните симболи на чистота и љубов. Покрај тоа е и најдобар лек за сите оние што страдаат од несоница, лошо расположение или депресија. Материите што ги содржи лавандата делуваат на централниот нервен систем, благодарение на што лавандата помага кај сите состојби на вознемиреност, хистерија, главоболки и мигрена. Едноставно, ставете саксија со ова растение во вашата спална соба.

Красула – се верува дека присуството на красулата (растение за пари) во просторијата позитивно влијае на работата и на сопственикот му носи подобра заработка. Затоа е одличен избор за канцелариите, а во некои азиски земји дури се пренесува од колено на колено. Според Фенг шуи, красулата треба да се стави од десната страна на влезната врата на куќата во северниот или во северозападниот дел. Билката содржи етерични масла кои ја зголемуваат менталната и физичката будност на човекот и ги активираат неговите умствени и физички способности.

Алое – Лековитите својства на оваа билка им се познати на многумина, бидејќи алоето често се користи во медицината и во козметиката. Познато е и по тоа што има големо влијание на здравјето. Во Русија е познато како „еликсир на младоста“, а старите Египјани ја нарекувале „билка на бесмртноста“.

Нане – едно од најлековитите, а воедно и најароматични растенија. Нането поседува освежувачки ефект на целиот организам: помага за ослободување од умор, а исто така го подобрува помнењето. Кинезите веруваат дека саксија со нане треба да има во секој дом, бидејќи нането влијае на привлекување позитивна енергија.

Јасмин – Миризливата грмушка со зелени листови и блескаво бели цветови веќе илјадници години плени со својата убавина. Сопствениците на ова растение со текот на времето стануваат многу комуникативни и му се радуваат на животот. За привлекување на среќа и зголемување на нивоата на позитивна енергија се препорачува да се постави јасмин во јужниот дел на просторијата.

Спатифилум – се верува дека токму оваа собна билка е одговорна за женската благосостојба, па затоа не залудно ја нарекуваат женска среќа. Одамна жените почнале да забележуваат дека постоењето на спатифилумот во куќата повлекувало добри промени, особено во љубовните односи. Според верувањата среќата исто така доаѓала во куќата кај жените што се обидувале да забременат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот