Со лажен пасош сакал да замине во Грција

Вчера во 15:15 часот на граничниот премин „Богородица“, при проверка на патни исправи за излез од државава, македонската полиција го уапсила И.Н.(50) од Косово кој за лична идентификација приложил српска патна исправа на име Х.Е.(43) од Србија.

По извршена контрола било утврдено дека првата страница од пасошот е фалсификувана. Поради стореното кривично дело тој е уапсен, а подоцна против него е поднесена кривична пријава за фалсификување исправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот