Со апсење на осомничениот и без повредени заврши заложничката драма во банката во Ле Авр

Заложничката драма што се случи во банката БРЕД  во Ле Авр- Нормандија заврши без повредени и со апсење на осомниченото лице за нападот, јави дописникот на МИА:

Заложничката драма траеше скоро 6 часа. Имено едно вооружено лице влезе во банката, која се наоѓа во центарот на Л’Авр и зеде како заложници шест лица. Пет лица беа ослободени, а едно успеа да избега. Нема повредени. Грабнувачот конечно бил уапсен околу 22:50 часот. Немаше престрелка и никој не е повреден.

-Заложниците се ослободени безбедни и звучни, здрави, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан.

Напаѓачот бил „сам”и „вооружен”, според полицијата, тој влегол во 16:45 часот во оваа филијала на БРЕД во центарот на Ле Авр, во кој имало шест лица. Прво лице, жена, беше ослободено набрзо, а потоаедна друга жена пред пристигнувањето на специјалната полиција, нешто по 19 часот. Тие пристигнаа на лице место со хеликоптер и останале во контакт со напаѓачот за подобро да ги разберат неговите барања.

Осомничениот имал две барања, кој тој директно им ги пренел на медиумите: „ослободете ги палестинските деца неправедно затворени во Израел” и пристапот на Палестинците под 40 години до еспланадата на џамијата Ал -Акса во Ерусалим.

Преговорите водени од специјалната полиција резултираа со ослободување на последните заложници во текот на вечерта. За време на целата операција центарот на Ле Авр, чиј градоначалник е досегашниот премиер Едуар Филип беше ставен под силна полициска контрола, со оглед дека во непосредна близина е префектурата. Меѓу заложниците имало вработени и клиенти од банката.

Според нашите информации, човекот е познат на локално ниво од разузнавачките служби како радикализиран. Ова 34-годишно лице има психијатриски проблеми, изјави извор близок до истрагата. Тој исто така и е познат на полицијата поради киднапирање, насилно затворање и носење оружје.

-Засега немам фактички елементи што ќе ви ги дадам, освен тоа дека станува збор за некој кој беше познат, а особено со прилично тешко психијатриско минато, потврди јавниот обвинител на Република за Ле Авр, Франсоа Госелин.

-Ќ видиме кои биле неговите извори и неговите мотиви. Но, неколку минути по неговото апсење, не можам да ви дадам детални информации, додаде обвинителот, прецизирајќи дека е отворена истрага за „флагрантно злосторство за обид за вооружен грабеж и присилно затворање “.

-Лицето им е познато на службите на Министерството за внатрешни работи, правда и здравство за дела на деликвенција и кривични дела, што би ги опишал како сериозни, придружено со разни осуди. Тој беше исто така познат по психијатриско минато и за радикализација од префектурата Поморска Сена Сена и територијалната разузнувачка служба, која иследувала за него -изјави  министерот Жералд Дарманин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот