Со 20 милијарди долари ќе се штитат океаните, најавено на меѓународната конференција во Панама

атлантски океан
ФОТО: Pixabay

Речиси 20 милијарди долари ќе се дадат за заштита на океаните, ветија учесниците на Меѓународната конференција за заштита на океаните, која се одржа во Панама, а на која присуствуваа и претставници на САД и Европската унија. На крајот на дводневната средба, лидерите на конференцијата објавија дека 341 учесник најавиле дека ќе донираат вкупно 19,9 милијарди американски долари.

Само од американската Влада, како што пренесува „Индекс“, се најавени речиси 6 милијарди долари наменети за спроведување на 77 проекти, меѓу кои се и инвестиции во заштитени морски области, во одржлив риболов и во обновливи извори на енергија.
Во истовреме, ЕУ објави зголемена распределба на средства за светските океани во 2023 година на 816,5 милиони евра.

На меѓународната конференција „Нашиот океан“, претставници на владите, приватниот сектор, разни организации и претставници на граѓанското општество од 70 земји во светот разговараа за заштитата на светските океани. Конференцијата запрв пат се одржа во 2014 година на иницијатива на американската влада. Наредната година ќе се одржи во Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот