Снуп Дог ќе биде коментатор за време на Олимписките игри во Париз

Фото: EPA-EFE/MARCEL KRIJGSMAN

Aмериканскиот рапер Снуп Дог ќе биде дел од коментаторскиот тим на телевизијата „NBC“ за време на Олимписките игри во Париз.

Задачата на раперот според најавите ќе биде да ги пренесува спортовите кои не се толку познати на американската публика. Тој веќе заедно со актерот Кевин Харт во студиото „NBC“ се обиде да игра ракомет, а коментираа и ватерполо.

„Растев гледајќи ги Олимписките игри и воодушевен сум од она што го прават спортистите. Олимписките игри се прослава на вештините, посветеноста и трудот“, изјави Снуп Дог.

Тој додаде дека во коментирањето ќе внесе свој „Снуп стил“.

„Ќе бидат тоа најепските Олимписки игри во историјата…Ќе ги подигнеме расположението и ќе ги направиме овие игри незаборавни“, најави раперот.

Се очекува Снуп Дог да настапува заедно со домаќинот Мајкл Тирик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот