Снегот одложи два натпревари во Првата македонска фудбалска лига

Снегот го затрупа теренот на стадионот во Струга/фото: fcstruga.com

Денеска ќе се одиграат три од планираните пет натпревари од 15 коло во Првата македонска фудбалска лига.

Два мечеви во Кратово и Струга поради снежните врнежи се одложени, тие се Силекс – Вардар и Струга – Воска Спорт.

ФК Вардар објави дека поради снежни врнежи мечот против ФК Силекс се одложува за 6 декември од 13.00 часот.

Поради снегот кој го зафати градот Струга, Натпреварувачката комисија на ФФМ одлучи да го одложи и езерското дерби меѓу ФК Струга и ФК Воска Спорт за 6 декември..

Нема најава за одложување на останатите средби кои ќе се играат од 13.00 часот: Работнички – Гостивар, Шкупи – Македонија ЃП и Тиквеш – Брера Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот