Снегот го одложи натпреварот меѓу Баерн и Унион Берлин во Бундес лигата

фото: fcbayern.com

Натпреварот од 13 коло во Бундес лигата помеѓу Баерн и Унион Берлин е одложен поради обилните снежни врнежи кои го зафатија Минхен.

Проблемот не е во теренот, туку во колапсот во кој е цел град по оваа снежна бура.

Баварците подоцна ќе се огласат и каде ќе го објават новиот термин кога ќе се одигра овој меч од германското фудбалско првенство.

Според планот, мечот требаше да се одигра денеска на стадионот Алијанц Арена со почеток во 15.30 часот.

Пред ова коло Баерн е на второто место на табелата во Бундеслигата со 32 бодови, додека Унион Берлин е на последното место со седум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот