Смена на врвот на највредни компании: „Мајкрософт“ го престигна „Епл“

Мајкрософт / Фото EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Акциите на Apple се намалени за 3,3% досега во јануари, во споредба со растот на акциите на „Мајкрософт“ од 1,8%. Падот на „Епл“ следеше по серијата намалувања и зголемена загриженост дека продажбата на iPhone, најпрепознатливиот производ на компанијата, ќе остане слаба, особено на нејзиниот клучен пазар во Кина.

„Кина би можела да биде пречка за перформансите во наредните години“, се вели во белешката до клиентите на брокерската куќа Redburn Atlantic вчера, посочувајќи на обновената конкуренција од Huawei и кинеско-американските тензии кои го зголемија притисокот врз „Епл“.

Акциите на „Епл“, чија пазарна капитализација достигна врв од 3,081 трилиони долари на 14 декември, минатата година ја завршија со добивка од 48%. Тоа беше пониско од зголемувањето од 57% од „Мајкрософт“, која објави алатки за генерирање на вештачка интелигенција (AI) во 2023 година благодарение на поврзаноста со OpenAI, производителот на ChatGPT.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот