Службеничка во Фондот за ПИОМ аплицирала за брзи кредити во име на друга жена

Фото: МИА

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Џ. од градот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, соопшти МВР.

„Во периодот од 28.04.2020 до 21.09.2022, пријавената – вработена во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување – Виница ги злоупотребила своите работни задачи и обврски и во четири наврати аплицирала за брзи кредити во две финансиски друштва на име на друго лице од Виница, користејќи ги нејзините лични податоци“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот