Словенија: Во рестораните на иста маса ќе можат да седат и луѓе кои не живеат заедно

Ljubljana. Stevilne kavarne so danes kljub soncnemu dnevu ostale prazne. Prebivalci so namrec pozvani, naj ostanejo doma in s tem pogajajo prepreciti siritev koronavirusa.

Сепак, во земјата во која има минимален нов број на заразени со коронавирусот, рестораните и кафулињата можат да работат само доколку имаат отворен дел или тераса.

Само неколку денови траеше одлуката на Владата која предвидуваше во рестораните и кафулињата во Словенија да можат да седат само членови на исто домаќинство, односно луѓе кои живеат заедно.

Веднаш по отворањето на угостителските објекти се виде дека е речиси невозможно ваквото правило да функционира во пракса, па затоа брзо беше сменето.

Сепак, во земјата во која има минимален нов број на заразени со коронавирусот, рестораните и кафулињата можат да работат само доколку имаат отворен дел или тераса, а гостите можат седат исклучиво во тие делови.

Речиси сите угостители согласно препораките на словенечкиот Национален институт за јавно здравје, направија нов распоред на масите, кои сега се раздалечени два метра. Тие се жалат дека и понатаму не работат рентабилно, бидејќи при секој дожд нивните објекти практично мораат да се затворат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот