Словенечките медиуми: Картата со „голема Унгарија“ на Орбан е провокација

Дел од словенечките медиуми како провокација ја оценуваат постапката на Виктор Орбан, кој на социјалните мрежи објави карта на „голема Унгарија“, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Интернет страната на Поп ТВ, во текст до наслов „Нова орбанова провокација со карта на голема Унгарија?” пишува дека во мапата која ја објави унгарскиот премиер влегува и словенечката област Прекмурје.

– Ова не е прва провокација на Орбан. Само лани тој си дозволи уште две. Минатата година во април и унгарската амбасадорка во Словенија Едит Зилагине Баторфи се фотографираше и позираше пред карта на „голема Унгарија”, пишува медиумот.

Инаку, на објавената мапа реагираше и поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор, која на твитер праша дали некој во Хрватска ќе преземе нешто по ваквите објави на Орбан.

Орбан повторно на Фејсбук провоцира со карта на „голема Унгарија” (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот