Орбан повторно на Фејсбук провоцира со карта на „голема Унгарија” (ФОТО)

Пленковиќ реагираше дека не е првпат таа карта да се покажува на состаноците на Фидес.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска преку својот Фејсбук профил упати честитка до матурантите кои денеска полагаат историја, проследено со картата на „голема Унгарија”.

Виктор Орбан / Фото: EPA-EFE/MILAN KAMMERMAYER

На таа карта, во границите на Унгарија е територија која зафаќа голем дел од Хрватска, сè до Риека и Далмација.

Во јуни минатата година, официјалната унгарска страница на Твитер на англиски јазик „About Hungary” објави илустрација со која се сугерира дека по Прватска светска војна и Трианонскиот договор, на Унгарија и биле одземени две третини од територијата, меѓу кои и 63 илјади километри квадратни, кои се дел од денешните Хрватска, Словенија и Србија, односно Војводина.

Словенија изрази осуда, додека Хрватска не реагираше.

Орбан и во декември објави фотографија на „голема Унгарија”, кога претседателството на неговата партија Фидес одржа состанок пред големата карта на „историска Унгарија”.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ тогаш рече дека тоа не е првпат таа карта да се покажува на состаноците на Фидес, оценувајќи дека „хрватските граници се онаму каде што се”.

Андреј Пленковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот