Словенечките инспектори отповикаа повеќе видови храна бидејќи биле небезбедни
Управата за безбедност на храна на Словенија повлече неколку намирници кои се небезбедни за консумирање. Доколку сте ги купиле, фрлете ги или вратете ги во продавница. Сирењето „мoрбиер“ направено од сирово кравјо млеко, 250 грама, испорачано од Скамарк, е повлечено поради присуство на бактерија E.коли. Се продаваше во продавниците на E.Леклерк, предупредува Н1 Словенија.
Препорачано
Знаците на инфекција може да вклучуваат болки во стомакот и стомачни грчеви, гадење и повраќање и дијареа, која исто така може да биде придружена со крварење. Заразеното лице може да има и покачена телесна температура, соопшти Сојузот на потрошувачи на Словенија (ЗПС). Исто така, повлечени се и неколку производи од Лима Фуд, главно таан, поради присуството на мувла и токсини. Производите се пакуваат во стаклени тегли со капаци. Во меѓувреме, 30 г протеин од сурутка произведен и продаден од Декатлон се повлечени поради присуството на метални туѓи честички.


