„Слободен печат“: Време е пратениците да си ја чукнат главата!

Пeчaтеното викенд-издание на „Слободен печат“ донесува:

 

Хроника

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ предлогот го нарече ултиматум за иднината на Македонија: Мицкоски кажа „не“ и повика на сенароден протест

– За таков предлог, одговорот е не, благодарам. Предлогот е истиот што веќе еднаш беше одбиен и ги содржи сите бугарски барања. Прифаќањето значи прифаќање на барањата на Бугарија да ги менуваме нашите учебници, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. Ако Ковачевски и Маричиќ речат поинаку, ви велам дека лажат, изјави Мицкоски.

 

Дејан Трајковски, професор на битолскиот универзитет: И по 20 починати дневно од „безопасниот“ омикрон?

– Што ќе биде со умирачките ако достигнеме 1.000 нови случаи дневно при леталитет 2 отсто? – прашува Трајковски

 

Економија

УЈП соопшти поразителни бројки за ликвидноста на фирмите: За мај не зеле плата 27.167 работници во 16.645 фирми

ПН: Според процените на Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи,  ќе се зголемува бројот на фирми што нема да бидат во можност да исплатуваат плати

 

Скопје

Не помагаат апелите на надлежните: Скопјани му кажаа збогум на ковидот, во автобус речиси сите се без маска

– За да се промени однесувањето и патниците да започнат да се однесуваат поодговорно додека се во некој од автобусите, не помагаат ниту апелите од ЈСП „Скопје“ патниците да носат маски ниту, пак, препораката на Комисијата за заразни болести, која апелира носење маски во јавниот превоз

 

Свет

ФБИ нуди 100.000 долари за изчезнатата измамничка: Бугарската криптокралица Ружа меѓу десетте најбарани лица во Америка

– ФБИ бара каква било информација за Игнатова, но предупредува дека таа веројатно се шета со вооружена придружба

 

Спорт

Претседателот на БФРСМ Дејан Богданов е оптимист: На ЛОИ 2024 да имаме најмалку двајца борачи

– Осоколен со медалите на Егоров и Нуров од Медитеранските игри, но и со некои наши претходни успеси во овој спорт, првиот човек на македонското борење предвидува дека нагорната линија ќе продолжи и на следните големи натпревари

 

Фељтон:

Сандански – репер за македонска национална ориентација

– Потребата од оцрнувањето на Сандански како и пред стотина години, така и денес, се наоѓа во неговите ставови да не се прифаќа бугарското мешање во македонските работи и да не се сведува македонската борба во борба што на крајот треба да донесе соединување на „разделените“ браќа Бугари од самата Бугарија и Македонија.

 

Moзаик

Поранешна затвореничка ѝ порача на подведувачката на Епштајн: Затвореничките се спремаат, ќе те претепаат до смрт во затворот

– Жаклин Полверари ја предупреди Гислејн Максвел дека затвореничките веќе се подготвуваат за нејзиното пристигнување и дека нејзиниот престој таму „нема да биде пикник“.

 

Утре излегува и редовниот прилог „Културен печат“

Репортажа од Битола Шекспир театар: Шекспировото дело како поттик за празник на театарот

–  Успешната реализација на осмото издание на „Битола Шекспир фестивал“ од 25 до 30 јуни потврди дека организаторите од Битолскиот народен театар веќе го имаат стекнато искуството за справување со криза од секаков тип.

 

Ирина Тошева, модна дизајнерка: Модата е многу повеќе од убави „фустанчиња“

– Својот јубилеј 10 години активно творештво и дизајн Ирина Тошева го прослави со многу необична модна ревија, а круна на повеќемесечната работа беше презентацијата на колекцијата „Oya“ на платото пред „Вила Водно“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот