„Слободен печат“: Насилниците тешко ја „повредија“ идејата на протестот

Пeчaтеното издание на „Слободен печат“ донесува:

 

Хроника

Демонстрантите удрија врз полицајците: Насилниците тешко ја „повредија“ идејата на протестот

На инцидентите им претходеше протестот против „францускиот предлог“ за „зачувување на идентитетот и јазикот“ кој почна од пред Владата, продолжи пред МНР и заврши пред Собранието. Стотина млади демонстранти, меѓу кои и со качулки на главите, ја урнаа оградата и почнаа да фрлаат камења кон собраниската зграда, а кон полицајците беа фрлани пиротехнички средства, но и еден молотов коктел.

 

Во Клубот на пратениците почна средбата на работната група: Францускиот предлог под лупа на парламентарените партии

– Идентитетските прашања и македонскиот јазик се веќе заштитени и не се дел од францускиот предлог, смета СДСМ. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и тројката помали владејачки партии ДС, ДОМ и ЛДП со специфични барања за промена на преговарачката рамка токму во делот на јазикот и идентитетските прашања.

 

Економија

Дополнетиот ребаланс на буџетот се враќа во Собранието: Со 100 милиони евра заем ќе се брани ликвидноста на ЕСМ

-До Собранието е пуштен и предлог-закон што треба да се донесе по скратена постапка за заем од 100 милиони евра за да се одржи ликвидноста на ЕСМ во услови на енергетска криза.

 

Свет

Премиерот Рама најави „големо откритие“ на компанијата „Шел“: Албанската нафта ќе ги реши енергетските проблеми на цела Европа!?

– Премиерот Рама и министерката Балуку тврдат дека во нафтеното поле Шипраг во Албанија се откриени огромни резерви на нафта и гас, иако тоа сѐ уште не е потврдено од компанијата „Шел“, која вложи стотици милиони долари и десет години во истражувања

 

Спорт

Фудбал, Лига на шампионите, квалификации, 1 коло: Хрватите веќе го прогласија Шкупи за сигурен ривал на Динамо

– Гоце Седлоски, една од легендите на Динамо, го предводеше Шкупи до сигурен триумф над Линколн (3-0) во првиот квалификациски меч и е голем фаворит пред реваншот. Победникот од оваа двојка ќе биде противник на Динамо во второто коло. Хрватските медиуми, во добар дел и поради Седлоски, се заинтересирани за овој двомеч.

 

Moзаик

Човекот може да стане жртва на нивните процени:  Кога и зошто ајкулите ги напаѓаат луѓето?

– Ајкулата греши во процената дека човекот е нешто што таа обично го јаде. Откако ајкулата ќе го почувствува вкусот, сфаќа дека тоа не е нејзината вообичаена храна и потоа го пушта.

 

Во рубриката Трибина прочитајте ги колумните на Мирослав Грчев, Марин Гавриловски, Бошко Јакшиќ…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот