„Слободен печат“: Макрон објави дека е постигнат компромис, Македонија на потег

Пeчaтеното издание на „Слободен печат“ донесува:

 

Хроника

Од самитот на НАТО во Мадрид најавен исчекор во решавање на спорот со Бугарија: Макрон објави дека е постигнат компромис, Македонија на потег

– Премиерот и претседателот на Бугарија потврдија дека го прифаќаат предлогот. Прифаќањето ќе бара консултации во Скопје. Ова решение носи безбедност, предвидливост и сигурност за надминување на споровите наследени од минатото – потенцира Макрон.

 

Расправа за доверба на претседателот Талат Џафери:  Интерпелацијата го надополни искривеното собраниско огледало

Опозицијата го обвини спикерот Талат Џафери за кршење на Деловникот, за злоупотреба на европското знаменце на законите, дека злоупотребувал тендери и ги партизирал собраниските служби, но и дека е женомрзач.

 

Маки за матурантите што сакаат да студираат во странство: Тендерот заглавил, свидетелствата повторно доцнат

– Свидетелствата на полуматурантите и матурантите се веќе предадени на училиштата. Другите ученици ќе ги добијат во август, пред почетокот на идната учебна година. Причина за доцнењето е поради застојот во процедурата, вели директорот на Бирото за развој на образованието, Зекирија Хасипи.

 

Економија

Нема веќе законска можност да се оди на работа до 67 години: Сите што имаа повеќе од 64 години вчера заминаа во пензија

– Поднесените изјави за продолжување на договори за вработување по 64 години возраст, а кои беа поднесени заклучно со 31 август 2021 година, важат до истекот на времето за кое се продолжени, а најдоцна до 30 јуни 2022 година

 

Скопје

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска најави инвестиција: Целосно ќе се реконструира левата страна на кејот на Вардар

– Со овој проект е предвидена обнова на дел од кејот на реката Вардар во должина од повеќе од три километри должина, нова велопатека и нова пешачка патека, формирање нова зелена површина во која се предвидени повеќе од 71.330 садници сезонско цвеќе и 1.360 зимзелени и листопадни садници ниска вегетација, како и нова хидрантска мрежа и урбана опрема.

 

Спорт

Кошаркарски квалификации за СП 2023: Шпанија нема да игра „лабаво“ против црвено-жолтите

– Шпанците се огромни фаворити во мечот со Македонија во Сарагоса, а плејот на домашниот тим Фернандез најавува дека ќе играат со полна пареа, иако се веќе пласирани во втората фаза. Во нашиот тим имаат амбиција да се покажат достојно

 

Здравје

Нова и најсилна подваријанта: Нов бран на коронавирусот е пред врата, најлоша верзија на омикрон досега

– Новиот бран на ковид-19 се чини дека започна во Њујорк, а го предводи новата и најсилна подваријанта на омикрон што е забележана до денес, а тоа го откри нивниот најпознат епидемиолог.

 

Фељтон за Јане Сандански: Сандански, левичарите и „дивите социјалисти“

– Поттекстот на ваквите „научни истории“ е сосема јасен: носителите на македонскиот политички сепаратизам се приврзаници на „најголемото зло — болшевизмот“, па затоа нивното убивање од страна на Александров, Михајлов и нивните приврзаници е пожелно и оправдано!

 

Moзаик

Крај на една кулинарска ера: Рене Реџепи ја затвора „Нома“, најдобриот ресторан на светот

– Оваа одлука следува по повеќегодишно размислување, наведува Реџепи. На патувањето по светот ќе го води целиот свој тим, за заедно да ја бараат инспирацијата што ќе го освои светот во 2024 година.

 

Утре е и редовниот прилог за ТВ и филм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот