Следува облачно време, на места со врнежи од дожд

Некаде по котлините утре ќе биде магливо. Преку денот ќе биде значително облачно, со повремен дожд поинтензивен во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од минус еден до пет степени, а максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најавуваат дека во следните денови ќе преовладува значително облачно време, на места со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец, особено изразен во недела.

Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот, кога ќе има и сончеви периоди.
Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник претпладне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот