Следниот пат кога ќе дојдеш во Црна Гора, ќе ти покажам каде НАТО уби деца – му рече Милатовиќ на Руте
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска во Подгорица пред генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека нападот на НАТО врз Сојузна Република Југославија во 1999 година бил резултат на „многу лошо и ирационално донесување одлуки“ од страна на тогашните лидери на СРЈ, објавија црногорските медиуми.
Препорачано
Милатовиќ, потсетувајќи го и на страдањето на цивилите во Црна Гора, го покани Руте да го посети Мурино и да им оддаде почит на сите жртви од бомбардирањето на НАТО.
Обраќајќи му се на Руте, тој рече:
„Марк, следниот пат кога ќе дојдеш во Црна Гора, има едно мало село на северот од Црна Гора каде, за жал, шест лица ги загубија животите за време на бомбардирањето на НАТО, меѓу кои и три деца. Мислам дека тоа би бил многу важен гест од твоја страна. Сите треба да оддадеме почит на она што е човечки живот“, рече Милатовиќ.
За време на предавањето, Милатовиќ продолжи:
„Бев студент, имав 13 години кога НАТО ја бомбардираше тогашна Југославија и мислам дека, за жал, поради многу лошите и ирационални одлуки на одредени лидери на поранешна Југославија, бомбардирањето на НАТО доведе до големо човечко страдање“.
Милатовиќ рече дека едно нешто што можеби сега се прави подобро во Црна Гора во споредба со, како што рече, многу грдите деведесетти во СРЈ, е тоа што Црна Гора „сака да биде пример за углед, светилник на стабилност, надеж и просперитет за регионот“, соопшти неговиот кабинет.
Црна Гора го демантира Руте, не планира да ѝ помага на Америка за војната во Иран


